Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Светско првенство Русија 2018
    Фудбал

    Светско првенство Русија 2018

    dinoBy dino03/07/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани, кој предвреме го напушти мечот со Португалија поради повреда, може да го пропушти дуелот со Франција.Уругвајците објавија дека Кавани ќе тренира одвоено од другите и дека ќе има редовна терапија. Доколку врвниот голгетер не биде во можност за настап, тогаш селекторот Табарез најверојатно ќе го уфрли во нападот Стуани.

    Фудбалската федерација на Германија донесе одлука Јоаким Лев да остане на кормилото на селекцијата иако „панцирите“ во улога на светски шампиони сензационално беа елиминирани уште во групната фаза на собирот во Русија. Весникот „Билд“ објави дека одлуката е донесена денеска по заедничкиот состанок на Лев со челниците на германската куќа на фудбалот. Лев ќе остане селектор и во Лигата на Нации како и во квалификациите за ЕП 2020.

    Фудбалерот на Белгија, Кевин Де Бруин, потенцира дека неговата селекција сосема заслужено ја совлада Јапонија со 3-2 и си обезбеди место во 1/4 финалето на СП во Русија.„Можеби делува дека ние се извлековме, но, мислам дека не е така ако се анализира добро целиот натпревар. Имавме неколку одлични шанси и можевме да им дадеме на Јапонците и пет голови“, изјави Кевин де Бруин.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година

    03/02/2023

    Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата

    03/02/2023

    Мартинели потпишал нов договор со Арсенал

    03/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Кевин Трап останува во Ајнтрахт Франкфурт до 2026 година
    • Месут Озил на 34 години ја завршува кариерата
    • Моцарт е нов генерален спонзор на ТФТ
    • Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА
    • Форд ќе прави мотори за Ред Бул од 2026 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.