Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»„Кралот“ и официјално се пресели во ЛА Лејкерс
    NBA

    „Кралот“ и официјално се пресели во ЛА Лејкерс

    risteBy riste10/07/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Леброн Џејмс и официјално е нов кошаркар на ЛА Лејкерс со тоа што се обврза на четиригодишна верност со „Езерџиите“ , а за овој договор ќе добие 154 милиони долари. Поранешниот кошаркар на Кливленд Кавалирс минатата сезона во регуларниот дел имаше индикатор од 27,5 поени, 8,6 скока и 9,1 асистенции по натпревар, додека во плеј-офот беше уште подобар со 34 поени, 9 асистенции и 9,1 скока по натпревар.

    „Ова е голем ден за Лејкерси и за нивните навивачи од целиот свет, бидејќи во нашиот тим дојде играч кој во иднина сигурно ќе придонесе „езерџиите“ повторно да се вратат на самиот врв. Тој е најдобар играч на светот и вистински лидер“, изјави Меџик Џонсон, легендата на ЛА Лејкерс.

    Леброн Џејмс во неговата кариера бил дел од девет финалиња од НБА лигата, од нив успеал да победи само во три. Последниот негов шампионски прстен е во 2016 година, кога со екипата на Кливленд во финалето го совладаа Голден Стејт. 33-годишниот Леброн во својата кариера го носел дресот само на два клуба, Мајами и Кливленд, а со селекцијата на САД има освоено две олимписки злата во 2008 и 2012 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.