Ракометарките на ЖРК Металург го добија својот противник во ЕХФ Купот. Потежок противник и не можеше да добијат со оглед на тоа дека беа во послабо рангираниот шешир.
Иси Париз, екипата што е позната и како женскиот ПСЖ ќе биде противник на нашиот преставиник во ова натпреварување. Во оваа екипа играат Хана Бреда, опасната Холанѓанка Луис Абинг, Норвежанката Сије Солберг, Австријката Фреј, Романката Пинтеа и други.
Мали се шансите на Металург на дуел против еден ваков противник. Првите натпревари од првото коло во ЕХФ Купот ќе се играат на 8 или 9 септември, а реваншите ќе бидат една седмица подоцна.