Данило Бала Соуза Муниз и Вардар, денеска успешно ги завршија преговорите, и бразилскиот фудбалер стана дел од „црвено-црните“ потпишувајќи две годишен договор со „црвено-црните“. Со тоа тимот го доби и третиот интернационалец од Бразил во своите редови.
Новото име во редовите на Вардар игра како крилен фудбалер и во Вардар доаѓа од екипата на Кампиненсе каде што настапуваше во изминатите месеци.
„Дојдов во најголемиот и најтрофејниот клуб во Македонија. Со своите настапи сакам да помогнам тимот да ја освои титулата во првенството. Среќен сум што дојдов во овој клуб кој што има славна историја. Знам дека минатата година тимот влезе во групната фаза од Лигата на Европа. Најсреќен би бил сега во четврток екипата да се пласира во следната фаза во четврток“, рече новото име во редовите на Вардар.
Бразилецот е третиот фудбалер од оваа земја кој ќе игра во нашиот тим после Вилијан Лира и Виктор Јуфо.
„Среќен сум што ќе имам соиграчи од Бразил, меѓутоа најважно е и со сите од мојот нов клуб да функционирам добро. Очекувам брзо да се вклопам во екипата, да бидам добро прифатен од сите и заедно да направиме успех за клубот, и секако за нашите навивачи“, изјави Бала.