Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар потпиша со уште еден бразилец
    Фудбал

    Вардар потпиша со уште еден бразилец

    risteBy riste17/07/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Данило Бала Соуза Муниз и Вардар, денеска успешно ги завршија преговорите, и бразилскиот фудбалер стана дел од „црвено-црните“ потпишувајќи две годишен договор со „црвено-црните“. Со тоа тимот го доби и третиот интернационалец од Бразил во своите редови.

    Новото име во редовите на Вардар игра како крилен фудбалер и во Вардар доаѓа од екипата на Кампиненсе каде што настапуваше во изминатите месеци.

    „Дојдов во најголемиот и најтрофејниот клуб во Македонија. Со своите настапи сакам да помогнам тимот да ја освои титулата во првенството. Среќен сум што дојдов во овој клуб кој што има славна историја. Знам дека минатата година тимот влезе во групната фаза од Лигата на Европа. Најсреќен би бил сега во четврток екипата да се пласира во следната фаза во четврток“, рече новото име во редовите на Вардар.

    Бразилецот е третиот фудбалер од оваа земја кој ќе игра во нашиот тим после Вилијан Лира и Виктор Јуфо.

    „Среќен сум што ќе имам соиграчи од Бразил, меѓутоа најважно е и со сите од мојот нов клуб да функционирам добро. Очекувам брзо да се вклопам во екипата, да бидам добро прифатен од сите и заедно да направиме успех за клубот, и секако за нашите навивачи“, изјави Бала.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Инзаги : голот е нерегуларен!!

    20/03/2023

    Куртоа: Барса е на чекор до титулата

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    • Инзаги : голот е нерегуларен!!
    • Алонсо ја критикува ФИА
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.