Шесткратниот шампион на кошаркарската Евро-лига, Панатинаикос, ги обезбеди услугите на младиот центар, Јоргос Папајанис.
21-годишниот Грк се врати во татковината по неуспешниот престој во НБА. Таму за две сезони поминати во Сакраменто и Портланд одигра само 39 натпревари со просек со 4,1 поен и 3,2 скока.
Високиот центар кој беше одбран под бројот 13 на НБА драфтот во 2016 година, не стигна до најдобрите. Папајанис пред да игра во САД беше дел од ПАО и Паниониос.Неговиот договор со Панатинаикос ќе биде за наредните пет сезони.