Тренерот на кошаркарите на Сан Антонио, Грег Поповиќ, се надева дека ќе најде ефикасен начин за паралелно да ги извршува обврски кај „Спарси“ и во репрезентацијата на САД. Искусниот стратег го наследи Мајк Кжижевски а неговото деби ќе биде догодина на Светското во Кина.
„Кога ќе достигнете одредена возраст, луѓето се прашуваат колку ќе можете да направите. Кжижевски најде начин да ја комбинира работата во Дјук со таа во репрезентацијата. Работеше на двете места. Се надевам дека ќе можам да го повторам неговиот успех ” – рече Поповиќ.
69-годишниот тренер седи на клупата на Сан Антонио од 1996 година. Неговиот тим гледано од сезоната 1997/98, во претходната за прв пат успеа да забележи 50 победи.