Џими Фред доминираше во колеџ-шампионатот на неверојатен начин, но потоа не успеа да направи целосна транзиција кон следното ниво – НБА.
Бекот беше машина за поени во дресот на Јанг Универзитетот а потоа беше избран под №10 во Драфта и играше за Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс и Њујорк, но не ги оправда очекувањата во ниту еден од тимовите. Во последните две сезони бекот кој е висок 188-сантиметри имаше блескави настапи во шампионатот на Кина. Неговиот просек беше импресивен со 37.6 поени во 41 натпревар во сезоната 2016/2017, како и со 36.9 поени, 6.9 скока и 5.5 асистенции во изминатата година.
„Нештата се прилично променети. Сега можам да се вратам во НБА“ – изјави самоуверено Фред.