НБА суперѕвездата Леброн Џејмс ќе дебитира во дресот на Лос Анџелес Лејкерс на 18 октомври на гостувањето кај Портланд, соопштија од НБА Лигата.
Најдобриот играч во светот потпиша за четири години со ЛА Лејкерс за 153 милиони долари и се надева дека ќе ги прекине неговите 5 последователни порази во салата на Портланд. Два дена подоцна навивачите на Лос Анџелес Лејкерс ќе го видат „кралот“ во „Стејплс центар“ за првпат во официјален натпревар , а тогаш ЛА Лејкерс го пречекува Хјустон Рокетс.
Новата сезона во НБА лигата ќе започне на 16 октомври со два натпревари – Бостон – Филаделфија и Голден Стејт – Оклахома Сити, а пред вториот натпревар Голден Стејт официјално ќе ги добијат шампионските прстени.