Кадетската ракометна репрезентација на Македонија си обезбеди место во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот во Грузија, откако утринава ја совлада и селекцијата на Фарските острови со 30:29 во 3. коло од групната фаза.
Во тежок натпревар во кој борбата траеше дури 60 минути, сè беше решено во последните десет секунди. Откако успеавме да одбраниме удар од 7 метри, преку Костески реализиравме за победа и нови два бода кои значат пласман во полуфиналето.
Во нашиот состав денеска одличен беше голманот Кизиќ кој имаше 14 одбрани, а Серафимов со 9 и Костески со 6 гола беа најефикасни во нападот. Утре во 4. коло играме со исто така досега непоразената Швајцарија за првото место во групата.