38-годишниот ветеран од кошаркарската НБА лига, Јадонис Хаслем, ќе ја реализира и шеснаесетта последователна сезона во дресот на Мајами, објавија денеска медиумите на Флорида.
Тешкото крило кое дебитираше во тимот во 2003 година, никогаш и не ја криеше желбата да остане во Мајами до крајот на кариерата. Сега се чини дека раководството на „жешките“ ќе му ја исполни желбата иако нема прецизни детали околу новиот договор.
Јодонис има одиграно 844 натпревари во регуларната сезона и 147 во плеј-офот. Тој се израдувал и на три шампионски титули.