Тренерот на кошаркарите на Кливленд, Тајрон Лу, вели дека ќе биде тешко да се надополни заминувањето на Леброн Џејмс бидејќи според него, тој е еден од најдобрите играчи во НБА лигата. Џејмс во текот на летово за 154 милиони долари го напушти тимот на Кливленд и потпиша договор за четири години со Лос Анѓелес Лејкерс.
„Сакав да остане во мојот тим, но, тоа не се случи. Сега ќе биде поинаку бидејќи имаме многу млади кошаркари кои допрва треба да се формираат. Не може да се замени Џејмс бидејќи станува збор за еден од најдбрите играчи на сите времиња„ – вели тренерот на Кливленд.
Неговиот тим во последните четири сезони играше во големото финале на НБА а титулата ја освои во 2016 година.