Македонија очекувано славеше на мечот со Романија со 90 спрема 76 со што остана на челната позиција во нашата претквалификациска група за пласман на Европското првенство во кошарка во 2021 година.
По стартната победа на теренот на Косово, избраниците на Давитков денеска одиграа многу подобро во повеќе елементи и затоа забележаа убедлива победа против Романците. Мечот беше решен во третиот период кога Македонија прв пат дојде до позитива од 57-41 (плус 16) по што работите тргнаа во посакуваната насока.
Во нашите редови Војдан Стојановски и Бојан Трајковски постигнаа по 21 кош додека Хендрикс застана на 14. Кај гостите се издвои Ватсон со 17 поени. Македонија до крајот на претквалификациите ја очекуваат мечевите со Косово (дома) и гостувањето кај Романците. Победникот од групата ќе оди во наредната елиминациска фаза.