Ракометарите на Металург в недела во СЦ „Борис Трајковски“ го дочекуваат Бешикташ во меч од 2. коло во Лигата на шампионите. Стартот на сезоната донесе многу проблеми во играчкиот табор на „металурзите“, но полека работите се стабилизираат и нашиот вицепрвак посакува позитивен резултат на неделниот дуел со турскиот противник.
„Среќен сум што конечно работиме комплетно. Од денеска ќе работиме повеќе и на тактички план. Мора да одиграме цел мел, а не само 30 минути. Мораме да бидеме во полн ритам сите 60 минути. Имаме и ротација и ќе можеме дел од играчите да ги одмораме и да бидеме посвежи. Со помош и на публиката можеме да направиме добар резултат“, изјави тренерот на Металург, Данило Брестовац, на прес-конференцијата пред мечот.
Дуелот се игра в недела од 17 часот.