Илија Абутовиќ кој во „црвено-црниот“ дрес се израдува на титулата во Лигата на ракометните шампиони нема да настапи за Рајн Некар Левен на средбата со Вардарци закажана за наредниот месец во Скопје.
Тој добил повреда на задната ложа на мечот со Кјелце и ќе мора да одмора од четири до шест недели. Имајќи в предвид дека Абутовиќ е специјалист за играта во одбрана, тоа му создава дополнителни проблеми на тренерот, Јакобсен.
Ракометарите на Вардар по двете победи со Монпелје и Кристијанштад, сега ги очекува гостување во Унгарија кај Веспрем а веднаш потоа на 6 октомври и средбата во Скопје со Рајн Некар Левен.