Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Официјално: Саутгејт го продолжи договорот со Англија
    Фудбал

    Официјално: Саутгејт го продолжи договорот со Англија

    risteBy riste04/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Како што се очекуваше Герет Саутгејт го продолжи договорот како селектор на Англија до летото 2022-та година, откако оваа година се пласираше со тимот во полуфиналето на Светското првенство за прв пат од 1990-та година.

    Вчера, беше објавено дека селекторот се согласил да продолжи да ја води националната селекција  и денес беше потврдено дека ова се случило. Неговиот помошник Стив Холанд исто така останува со него.

    „Среќен сум што можам да ја предводам Англија на следните два големи турнири. Да ја искористам оваа можност и да кажам дека е неверојатна привилегија и чест за мене. Обединување на нацијата зад националниот тим ова лето беше нешто посебно и за мене ќе биде одлично да видам до каде може да стигне овој млад тим” изјави Саутгејт, кој доби и солидно зголемување на платата и отсега ќе заработува по 3 милиони фунти годишно.

    „За нас, престојот на Герет со подолг договор отсекогаш бил приоритет. Тој ја врати вербата дека Англија може да биде конкурентен тим на најголемите натпреварувања. Тој е исто така одличен амбасадор на нашата организација”, рече првиот човек на ФА на Англија – Мартин Глен.

    Следната недела Англија гостува на Хрватска во натпревар од Лигата на Нациите, а неколку дена подоцна тимот ќе играат против Шпанија, во обид да се реваншираат за поразот со 1:2 минатиот месец.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.