Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар и понатаму „гази“ се пред себе
    Ракомет

    Вардар и понатаму „гази“ се пред себе

    risteBy riste06/10/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот ракометен шампион Вардар ја продолжи победничката серија во најелитната ракометна конкуренција во Европа, Лигата на шампионите, „црвено-црните“ славеа и во четвртиот натпревар по ред од новата сеозна. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беше совладан германскиот тим Рајн Некар Левен со 29:27.

    Вардар лошо одигра во првото полувреме и ниту еднаш немаше предност, а гостите константно имаа водство кое на момет беше 7:10 и 11:15, но на крајот на полувреме се отиде со 13:15. Во второто полувреме сосема друга слика, Вардар веднаш дојде до израмнување на 15:15, а потоа имаше и предност која ја одржуваа во поголемиот дел од вториот дел. По израмнетите 21:21, Вардар дојде до предност од 23:21, а потоа имаше водство и од 27:24.

    Решавачки беа одличните одбрани на голманот Милосављев кој одбрани неколку тепшки удари на противникот, а точка на победата стави Дибиров кој реализираше пенал за 29:27.

    Најдобри стрелци во редовите на Вардар беа Дибиров со седум и Карачиќ со три голови, а голманот Милосављев на крајот на мечот заврши со 11 одбрани. Кај гостинската екипа се истакнаа Петерсон со шест, а Колбахер и Шмид постигнаа по пет гола.

    Сега Вардар го чека уште еден тежок натпревар, а тоа е гостување кај екипата на Виве Киелце во Полска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.