Кошаркарскиот состав на Лос Анџелес Лејкерс предводен од новата ѕвезда во тимот, Леброн Џејмс, го претрпе првиот пораз во новата сезона во НБА конкуренцијата.
„Езерџиите“ загубија од Портланд во „Мода центарот“ со 129 спрема 118. Новото засилување на Лејкерси, Леброн Џејмс, очекувано беше најдобар стрелец во поразениот табор со 26 поени на кои додаде уште 12 скокови и 6 асистенции. Кај домаќините се издвои Дамјан Лилард постигна 28 поени.
Еве ги резултатите и од другите мечеви реалзирани во најсилната светска кошаркарска лига во текот на ноќта. Филаделфија – Чикаго 127-108, Вашингтон – Мајами 112-113.