Македонскиот кошаркарски шампион Работнички го доби супервозбудливиот дерби натпревар против „вечниот ривал“ МЗТ Скопје со 88:90, во првото дерби кое се играше оваа сезона.
Двата тима одиграа добар меч со многу поени, а во финишт посреќни и поумешни беа кошаркарите на Работнички.
Дербито во Аеродром почна со доминација на гостинската екипа. Одбраната на МЗТ Скопје тешко се справуваше при нападот на работнички. Па во поголемиот дел од првите две четвртини Работнички имаше предност на оваа средба.
Во средината на третиот период, во СЦ „Јане Сандански“ домашната екипа успеа да дојде до изедначување (58-58), но потоа повторно работнички беше тој кој го имаше резултатот во своја полза. Во последните две минути се влезе со изедначен резултат (86-86), а на 50 секунди пред крајот, Мираковски погоди тројка (86-89), додека во пенал-завршница поуспешни беа центарци. Во следното коло Работнички ќе биде домаќин на Фени Индустри, додека МЗТ Скопје гостува кај Кожув.

