Македонската репрезентација до 21 година утре заминува за Подгорица, Црна Гора каде што ќе одигра два контролни натпревари, против Србија на 16. ноември и против домашната селекција на Црна Гора на 19. ноември.
Нашиот репрезентативец, Давор Здравковски вели дека оваа нова генерација на Македонија до 21 година има голем потенцијал, а двата контролни натпревари во главниот град на Црна Гора се добра прилика за докажување.
„Иако ова е нова генерација, ние од репрезентацијата до 21 година се познаваме одлично и веруваме во своите квалитети. Во тимот има голем потенцијал, најважно е што кај сите во тимот има желба и мотивираност за докажување и сите посакуваме да одиграме два добри натпревари. Противниците се квалитетни и иако на некој начин ова се резултатски и не толку важни пресметки, сепак сите излегуваат да одиграат и на резултат. Верувам дека ќе одиграме цврсто, дисциплинирано и се надевам на почеток на низа позитивни резултати“, изјави Давор Здравковски.
„За нас секој натпревар е важен и шанса за докажување бидејќи се создава нова генерација. Значајно е сите да ја сфатат сериозноста на подготовките и натпреварите бидејќи секој позитивен резултат е биден за овој млад тим. Противниците имаат во своите редови добри фудбалери и сигурно заслужуваат максимален респект, но постои одлична мотивираност и квалитет и во нашиот состав и имаме амбиција тоа да го потврдиме. Ако одиграме според договореното, мислам дека можеме до позитивни резултати. Ни треба еден континуитет пред новите квалификации и мораме да бидеме максимално сериозни“, изјави Милан Ристовски.
Македонија првиот натпревар против Србија го игра на 16.ноември (петок) со почеток во 13 часот.