Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Здравковски и Ристовски порачуваат: „Ова е нова генерација, секој меч ни е важен“
    Фудбал

    Здравковски и Ристовски порачуваат: „Ова е нова генерација, секој меч ни е важен“

    risteBy riste13/11/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската репрезентација до 21 година утре заминува за Подгорица, Црна Гора каде што ќе одигра два контролни натпревари, против Србија на 16. ноември и против домашната селекција на Црна Гора на 19. ноември.

    Нашиот репрезентативец, Давор Здравковски вели дека оваа нова генерација на Македонија до 21 година има голем потенцијал, а двата контролни натпревари во главниот град на Црна Гора се добра прилика за докажување.

    „Иако ова е нова генерација, ние од репрезентацијата до 21 година се познаваме одлично и веруваме во своите квалитети. Во тимот има голем потенцијал, најважно е што кај сите во тимот има желба и мотивираност за докажување и сите посакуваме да одиграме два добри натпревари. Противниците се квалитетни и иако на некој начин ова се резултатски и не толку важни пресметки, сепак сите излегуваат да одиграат и на резултат. Верувам дека ќе одиграме цврсто, дисциплинирано и се надевам на почеток на низа позитивни резултати“, изјави Давор Здравковски.

    „За нас секој натпревар е важен и шанса за докажување бидејќи се создава нова генерација. Значајно е сите да ја сфатат сериозноста на подготовките и натпреварите бидејќи секој позитивен резултат е биден за овој млад тим. Противниците имаат во своите редови добри фудбалери и сигурно заслужуваат максимален респект, но постои одлична мотивираност и квалитет и во нашиот состав и имаме амбиција тоа да го потврдиме. Ако одиграме според договореното, мислам дека можеме до позитивни резултати. Ни треба еден континуитет пред новите квалификации и мораме да бидеме максимално сериозни“, изјави Милан Ристовски.

    Македонија првиот натпревар против Србија го игра на 16.ноември (петок) со почеток во 13 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.