Ракометарите на Металург утре го играат последниот натпревар оваа сезона на домашен терен во Лигата на шампионите бидејќи до крајот останува уште еден натпревар и тоа гостување во Прешов кај Татран.
Металург поминува низ еден период во кој има доста големи проблеми , но сепак најавуваат дека ќе дадат се од себе за да постигнат добар резултат против екипата на Силкеборг од Данска.
„Играме со најдобрата, најскапата и најискусната екипа во нашата група. Само пивотменската позиција со Нодесбо и Кнудсен и нивното искуство јасно покажува дека ова е натпревар на кој нашите играчи можат многу да научат од нив. Се надевам дека ќе се покажеме во добро светло иако зад нас е една тешка недела. Велковски има повреда и имаше операциа. Токиќ имаше смртен случај. Се обидуваме да работиме на високо темпо и се надевам дека сме на добар пат“, изјави тренерот Брестовац на прес-конференцијата пред средбата против Бјеринбро Силкеборг.
Во екипата владее оптимизам дека може да се спротистават на фаворитот, а то аго кажа и ракометарот Милан Лазаревски.
„Бјерингбро Силкеборг е најквалитетната екипа во нашата група. Според многу аналитичари Нодесбо и Кнудсен се двајца од петте најдобри напаѓачки пивоти во светот во последната деценија. Ние нема никого да респектираме. Во Данска премногу им се допушташе на домашните ракометари. Сепак, ние сме млада екипа и желни сме за докажуваме. Со максимален пристап и залагање можеме да се покажеме во добро светло на овој натпревар“, вели кружниот напаѓач на Металург, Милан Лазаревски.
Натпреварот против Бјерингбро се игра во салата во СЦ „Борис Трајковски“ од 17:30 часот,

