Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Бускетс пред натпреварот број 500 во дресот на Барселона
    Фудбал

    Бускетс пред натпреварот број 500 во дресот на Барселона

    risteBy riste23/11/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерот на Барселона Серхио Бускетс ќе го одигра во недела својот натпревар број 500 во дресот на Каталонците.

    На овој начин тој ќе биде 7-ми во клупската историја кој стигнал до оваа граница, што е извонреден успех ако се земе во предвид тоа дека го направи своето деби пред малку повеќе од 10 години.

    Пред него во овој клуб 500 влегоа Виктор Валдес (535), Мигели (549), Карлес Пујол (593), Лео Меси (650), Андрес Иниеста (674) и Чави (767), па така  аргентинската суперѕвезда во тимот Меси дефинитивно може да стане Број 1 во историјата на Барселона.

    Бускетс може и да не блеска толку многу, но по своето деби на 13 септември 2008-та, кога имаше само 20 години, тој се покажа клучна фигура за сите најголеми успеси на тимот.

    За тоа колку е значаен за Барса зборува следнава статистика: од досегашните 499 средби бил стартер во 443, што значи на 88,7%, а во 346 дуелот бил на теренот до крај на натпреварот или во 69,3% од дуелите. Без разлика кој е тренер Бускетс останува константно во средината на теренот и сигурно продолжува да носи мир и стабилност на целиот тим.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.