Фудбалерот на Барселона Серхио Бускетс ќе го одигра во недела својот натпревар број 500 во дресот на Каталонците.
На овој начин тој ќе биде 7-ми во клупската историја кој стигнал до оваа граница, што е извонреден успех ако се земе во предвид тоа дека го направи своето деби пред малку повеќе од 10 години.
Пред него во овој клуб 500 влегоа Виктор Валдес (535), Мигели (549), Карлес Пујол (593), Лео Меси (650), Андрес Иниеста (674) и Чави (767), па така аргентинската суперѕвезда во тимот Меси дефинитивно може да стане Број 1 во историјата на Барселона.
Бускетс може и да не блеска толку многу, но по своето деби на 13 септември 2008-та, кога имаше само 20 години, тој се покажа клучна фигура за сите најголеми успеси на тимот.
За тоа колку е значаен за Барса зборува следнава статистика: од досегашните 499 средби бил стартер во 443, што значи на 88,7%, а во 346 дуелот бил на теренот до крај на натпреварот или во 69,3% од дуелите. Без разлика кој е тренер Бускетс останува константно во средината на теренот и сигурно продолжува да носи мир и стабилност на целиот тим.