Ракометарите на Металург попладнево во Скопје го играат последниот натпревар пред својата публика во најсилното европско клупско друштво сезонава. „Металурзите“ го пречекуваат тимот на Силкеборг на дуел кој почнува во 17:30 часот.
Данскиот првак заедно со Спортинг и Татран Прешов се во „мртва” трка за место во „плеј-офот” од Лигата на шампионите, па поради тоа победа во Скопје е особено важна за него.
Металург, пак, нема што да загуби. Момците на Данило Брестовац одамна останаа без шанси за опстанок во Европа, а фактот дека на овој натпревар играат растоварено ги прави дополнително опасни.

