Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Емери: „Озил беше жртва на променетата шема во играта“
    Фудбал

    Емери: „Озил беше жртва на променетата шема во играта“

    risteBy riste26/11/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Арсенал Унаи Емери објасни зошто го остави на клупата Месут Озил на вчерашниот натпревар против Бурнемаут, кој го добија тешко со 2:1.

    Германецот воопшто не се појави во игра, што беше сосема изненадувачки, но тренерот објасни дека тоа го направил поради променетата шема со тројца централни дефанзивци и стремежот да се игра поагресивно и цврсто што не се совпаѓа со стилот на фудбалерот.

    „Сфативме дека не очекува физички тежок натпревар со многу борби и дуели, па решивме да не игра. Освен тоа дејствуваме со тројца централни дефанзивци и оваа различна формација ќе ни даде една поинаква опција” објасни Емери, кој беше испровоциран од новинарите со тврдење дека очигледно нема доверба во фудбалерот. „На почетокот на сезоната разговаравме секој ден за тоа како треба да сме конкурентни, но исто така и организирани и со стремеж да се подобруваме постојано. Ситуацијата е иста и сега”, додаде тој. 

    „Сакавме да победиме по секоја цена и да останеме близу до Тотенхем, Челзи и Ливерпул. Манчестер Сити е пред нас, но нашиот напредок е важен и моравме да се бориме, бидејќи во следната средба ќе играме со Тотенхем. Бевме под притисок, но јас сум среќен со нашата реакција. Сеуште примаме повеќе голови отколку што треба и мораме да работиме на одбраната” истакна Унаи Емери.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.