Македонскиот ракометен тим Еурофарм Работник од Битола кој ќе биде наш претставник во групната фаза во ЕХФ Купот, ќе ги очекува своите противници во групата од третиот шешир на ждрепката која што ќе се одржи на 29 ноември во 11:00 часот во Виена.
Заедно со Еурофарм Работник во ист шешир се германскиот Кил, француски Сент Рафаел и шпанска Куенка.
Еве како изгледаат сите шешири пред ждребката и потенцијалните противници на Еурофарм Работник:
Прв шешир: Гранољес (Шпанија), Фуксе Берлин (Германија), Хановер (Германија) Порто (Португалија.
Втор шешир: Холстебро (Данска), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија), Татабања (Унгарија), Азоти-Пулави (Полска)
Трет шешир: Куенка (Шпанија), Ст. Рафаел (Франција), Кил (Германија), Еурофарм Работник (Македонија)
Четврти шешир: Нексе (Хрватска), Гудме (Данска), Балатонфуренди (Унгарија), Доброгеа Суд Констанца (Романија)