Последниот натпревар за оваа календарска година на ракометарите на Вардар беше во СЕХА лигата. Вардар дојде до лесна и очекувана победа на гостувањето во Букурешт кај Стеауа со 30:34.
Шампионот на СЕХА лигата остана на врвот на табелата по 13 одиграни кола на своето конто додаде уште три планирани бодови, и покрај тоа што настапи со изменет состав.
Вардар уште во првото полувреме покажа дека е дојден во Букурешт по победа и дека нема намера да дозволи изненадување, па првиот дел го добија со двоцифрене предност од 11 голови разлика (10:21).
Се останато во второт дел беше рутина за ракометарите на Вардар кои се опуштија и дозволија домашата екипа на крајот да дојде до еден скромен пораз од 30:34.
Поповски беше најефикасен во редовите на нашиот тим со десет, додека Кисељев постигна девет гола, а Милошевиќ постигна пет погодоци за романската екипа. Сега следи пауза во СЕХА лигата, се до февруари наредната година, кога ќе се играат преостанатите натпревари од регуларниот дел од сезоната.

