По победата над селекцијата на Јапонија, селекторот на хрватската репрезентација, Лино Червар, зборуваше и за очекувањата од утрешниот дуел против нашата селекција.
„Мислам дека немаме време за одмор, утре имаме тежок противник. Тоа се играчи кои јас сум ги тренирал, Сите ќе бидат жедни и гладни да не победат што е сосема спортски и јас искрено многу ги ценам играчите на Македонија. Тоа е навистина репрезентација која добро ја знам, која во последните години направи голем прогрес. Македонија е мојата втора татковина и таму ракометот е прв спорт. Таа веројатно е првата земја во европа каде ракометот е прв спорт. Што се однесува до утрешниот меч, ги ценам, мора добро да се подготвиме ако сакаме да ги победиме. Ќе биде тоа една средба на соседи, интересен дуел. Македонија има одлични играчи како Лазаров, Стоилов и да не набројувам“, вели Червар.