Голмаот на нашата репрезентација Борко Ристовски по мечот со Бахреин истакна дека не се многу потрошени и дека доволно ги сочувале силите за денешниот натпревар со Хрватска. Противникот е фаворит , но Макеоднија ќе се обиде да се спротистави на селекција која е еден од кандидатите за медал.
„Задоволни сме од пврите две победи, но треба да бидеме претпазливи , ова е само почеток на СП, допрва следува тешкото. Не очекуваат три тешки натпревари кои ќе бидат далеку по сериозни од првите два и не треба да не фаќа еуфорија. Овие две победи треба да ни дадат самодоверба за она што следува, посебно тоа се однесува на помладите кои треба да дадат голе придонес во играта во следните натпревари каде треба да се обидеме да дојдеме до една победа која не носи во вториот круг. На вчерашниот меч ја сочувавме снагата за она што не чека денес. Овој натпревар со Хрватска е како и секој натпревар, тие се репрезентација со дота голем квалитет и еден од главните фаворити за медал и токму тоа ќе биде еден голем мотив за нас, посакувам да одиграме добро и да изенадиме, а на Хрватска и посакувам успех на СП и да стигнат што подалеку“ истакна Борко Ристовски.