Нашиот репрезентативец, Филип Лазаров, потенцира дека Македонија одиграла добро во нападот „7 на 6“, но, дека хрватскиот голман успеал да спречи поголем дел од шутевите и практично да и донесе победа на неговата репрезентација.
„Имавме активен резултат до пред самиот крај иако не одигравме како што се догворивме. Направивме многу грешки а противникот не казни. Промашивме многу чисти ситуации“ – вели нашиот бек.
„Хрватите сепак покажаа дека се подобрии поискусни од нас. Сега ќе мора да размислуваме на наредните натпревари и да се обидеме да одиме во втората фаза“ – вели Филип Лазаров.