Крилниот играч на нашата репрезентација Дејан Манасков беше реален дека Македонија беше далеку од победа на оваа средба против Грватска , пред се поради неискористените чисти шутеви.
„Знаевме пред натпреварот дека ќе биде тешко, Хрватска е квалитетна репрезентација, ние се обидовме да направиме нешто и се подготвувавме за овој натпревар, се обидовме да ги разбиеме со 7 на 6, создадовме шанси а на почетокот промашивме доста чисти шутеви. Доколку не прамашевме толку многу зицери можеби резултатот немаше да биде таков, но далеку бевме денеска од победата“ – вели нашето крило.
„Како и на претходните натпревари имавме добри и лоши моменти, тие имаа одличен голман и тоа не чинеше пораз на оваа средба, нам ни остануваат уште две шанси за победа која ќе не однесе во втора фаза“ – истакна Дејан Манасков.