Денеска со натпреварите од четвртата рунда во групите „А“ (Берлин) и „Ц“ ( Хернинг), ќе продолжи светското првенство во ракомет кое се реализира во Германија и Данска.
Во Група А од 15.30 селекцијата на Русија ќе излезе на мегдан со Бразил. За „кариоките“ тоа е последната шанса да останат во трката за наредната рунда додека на „Зборнаја“ и одговара и нерешен резултат. Во 18.00 часот Србија ќе игра со Кореја. Тоа ќе биде дуел на две селекции кои досега немаат победа додека од 20.30 часот ќе биде реализирано дербито во групата меѓу Германија и Франција. Табела: Франција 6, Германија 5, Русија 4, Бразил 2, Србија 1, Кореја 0.
Во Групата „Ц“ во данскиот град Хернинг, првиот меч меѓу Саудиска Арабија и Тунис ќе започне во 16:15 часот, потоа од 18.30 ќе играат Норвешка и Чиле додека пресметката на европските состави, Австрија и Данска ќе стартува во 20.45 часот. Еве ја и табелата во групата „Ц“. Данска 6, Норвешка 6, Австрија 2, Чиле 2, Тунис 2, Саудиска Арабија 0.