Нашиот ракометар, Филип Лазаров, кој има значајна улога кога форсираме напад „7 на 6“, вели дека треба да се заборави поразот од Хрватска и да ги насочиме мислите кон завршните два меча во групата.
„Промашивме десет зицери посебно во првото полувреме кога игравме добра одбрана 5-1 а тие тешко даваа гол. Ние имавме многу шанси но, промашувавме, резултатот беше егал до 15-та минута а потоа дојдоа нивните лесни голови. Потоа во вториот дел кога успеавме да фатиме приклучок, повторно дојдоа неколку наши грешки и го загубивме мечот. Мислам дека разликата од девет голови не е реална иако Хрватска е посилна репрезентација и заслужи да победи“ –вели Филип Лазаров.
„Да бидам искрен, уште не сум ја гледал сега Шпанија, мислам дека има сличен состав од изминатата година. Тоа за нас не значи ништо, тие се европски прваци и ќе мора да одиграме беспрекорно ако сакаме да направиме успех. Ништо не е загубено ќе играме до крај“ –

