Нашиот лев бек, Филип Кузмановски, по вчерашниот убедлив пораз од селекцијата на Шпанија на ракометниот Мундијал во Германија и Данска, потенцираше, дека играчите не се штеделе и дека влегле во мечот со желба за надигрување.
„Сакавме од првата до последната минута да одиграме максимално против Шпанија. Не калкулиравме и не штедевме сили за мечот со Исланд, тоа се виде во првото полувреме“ – изјави Кузмановски.
„Во вториот дел сликата беше драстично променета и тоа за само две минути “ – изјави Кузмановски пред денешната средба со Исланд која ќе започне во 18.00 часот. Македонија мора да победи за да оди понатаму додека на противникот му одговара и нерешен резултат.

