Македонската ракометна репрезентација не успеа да обезбеди место во главната рунда на Светското првенство во Германија и Данска. Во последниот меч од нашата група, вечерва во Минхан, избраниците на Раул Гонзалес беа поразени од Исланд во најважниот меч со 24:22.
Иако имавме два гола предност во првиот дел по бодството од 13:11, во второто полувреме тотално потфрливме. Им дозволивме на противниците да се разиграат, да дојдат до два гола предност и потоа континуирано да ја оддржуваат разликата до крајот. За Македонија следните настапи чќе бидат во т.н. Президент Куп, каде ќе се бориме за пласман од 13 до 24 место.
Манасков и Кире Лазаров со по 5 гола беа најефикасни во нашата репрезентација.