Денеска Филип Талески одигра многу подобро во нападот отколку на последните две средби. Постигна 4 гола, но не успеавме да дојдеме до победата која ќе не однесеше во следната фаза.
„После подолг период не ја минуваме таа прва фаза. Се боревме до последна минута, но можеби среќата, па и судиите не беа на наша страна. Имаше некои судиски грешки кои не извадија од колосек, но сами сме виновни. Сепак, ако ја гледаме целата ситуација мислам дека заслужено загубивме”, рече младиот Талески.