Пол Погба и Антони Марсиал речиси сигурно ќе бидат на располагање на тренерот Оле Гунар Солскјер за натпреварот со Лестер во недела, објави Норвежанецот.
Напаѓачот го пропушти мечот со Барнли заради лесен здравствен проблем, а Погба се пожалил на повреда во финишот од натпреварот, но сепак ќе биде подготвен за следниот натпревар.
„Од последниот натпревар не сме имале нормален тренинг, што сигурно ќе им помогне. Не мислам дека повредата на Пол е сериозна. Антони, исто така, се опоравува и мислам дека ќе игра. Вчера тој изгледаше задоволен“, рече Солскјер.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед очекува повеќе голови од Марсеал, кој вчера го обнови официјално договорот до летото 2024-та година. Рекордот досега за една сезона му е 17 постигнати гола, а според Оле Гунар Солскјер 20 погодоци на сезона е сосема реална цел за Марсиал.
„Тој мора да може да се наоѓа почесто зад одбраната. Еден напаѓач треба да може да ја чита играта и да искористи многу и од минималните ситуации. Треба да постигнува повеќе лесни голови“, изјави Солскјер, чиј тим ќе се стреми да се врати на победничкиот пат по нерешениот резултат со Барнли.

