Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Погба и Марсиал ќе бидат во комбинација за мечот со Лестер
    Фудбал

    Погба и Марсиал ќе бидат во комбинација за мечот со Лестер

    risteBy riste01/02/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пол Погба и Антони Марсиал речиси сигурно ќе бидат на располагање на тренерот Оле Гунар Солскјер за натпреварот со Лестер во недела, објави Норвежанецот.

    Напаѓачот го пропушти мечот со Барнли заради лесен здравствен проблем, а Погба се пожалил на повреда во финишот од натпреварот, но сепак  ќе биде подготвен за следниот натпревар.

    „Од последниот натпревар не сме имале нормален тренинг, што сигурно ќе им помогне. Не мислам дека повредата на Пол е сериозна. Антони, исто така, се опоравува и мислам дека ќе игра. Вчера тој изгледаше задоволен“, рече Солскјер.

    Менаџерот на Манчестер Јунајтед очекува повеќе голови од Марсеал, кој вчера го обнови официјално договорот до летото 2024-та година. Рекордот досега за една сезона му е 17 постигнати гола, а според Оле Гунар Солскјер 20 погодоци на сезона е сосема реална цел за Марсиал.

    „Тој мора да може да се наоѓа почесто зад одбраната. Еден напаѓач треба да може да ја чита играта и да искористи многу и од минималните ситуации. Треба да постигнува повеќе лесни голови“, изјави Солскјер, чиј тим ќе се стреми да се врати на победничкиот пат по нерешениот резултат со Барнли.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.