Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»На Бејл му се заканува сериозна казна поради прослава на гол
    Фудбал

    На Бејл му се заканува сериозна казна поради прослава на гол

    risteBy riste14/02/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Реал Мадрид Герет Бејл ризикува да биде казнет до 12 натпревари поради гестот кој го направи при прославувањето на голот против Атлетико Мадрид од дербито во „Ла Лига“ изминатиот викенд.

    Шпанската фудбалска лига подигна постапка пред Дисциплинската комисијата на шпанската фудбалска федерација поради положбата на рацете на фудбалерот. Според сигналот, Бејл направил непристоен и арогантен гест кон навивачите.Постојат три опции:

    1. Дисциплинската комисија да ја процени како намерна провокацијата кон навивачите, која довела до непријателска реакција од нивна страна. За тоа казната е од 1 до 12 натпревари.
    2. Дисциплинската комисија да ја процени како намерна провокацијата кон навивачите која НЕ довела до непријателска реакција од нивна страна. За тоа казната е од 1 до 3 натпревари.
    3. Дисциплинската комисија да го прогласи дека случајот е без последици.

    Од февруари 2018-та година „Ла Лига“ ги пренасочува кон Дисциплинската комисија сите прјави на прославување на погодок, кои може да доведе до тензии меѓу навивачите на противничката екипа.

    Како што е познато, казна му се заканува и на Серхио Рамос – во Лигата на шампионите, откако призна дека намерно заработил жолт картон против Ајакс.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.