Напаѓачот на Реал Мадрид Герет Бејл ризикува да биде казнет до 12 натпревари поради гестот кој го направи при прославувањето на голот против Атлетико Мадрид од дербито во „Ла Лига“ изминатиот викенд.
Шпанската фудбалска лига подигна постапка пред Дисциплинската комисијата на шпанската фудбалска федерација поради положбата на рацете на фудбалерот. Според сигналот, Бејл направил непристоен и арогантен гест кон навивачите.Постојат три опции:
- Дисциплинската комисија да ја процени како намерна провокацијата кон навивачите, која довела до непријателска реакција од нивна страна. За тоа казната е од 1 до 12 натпревари.
- Дисциплинската комисија да ја процени како намерна провокацијата кон навивачите која НЕ довела до непријателска реакција од нивна страна. За тоа казната е од 1 до 3 натпревари.
- Дисциплинската комисија да го прогласи дека случајот е без последици.
Од февруари 2018-та година „Ла Лига“ ги пренасочува кон Дисциплинската комисија сите прјави на прославување на погодок, кои може да доведе до тензии меѓу навивачите на противничката екипа.
Како што е познато, казна му се заканува и на Серхио Рамос – во Лигата на шампионите, откако призна дека намерно заработил жолт картон против Ајакс.