Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Сити и Чeлзи се борат за трофеј во „Карабао Купот“
    Фудбал

    Манчестер Сити и Чeлзи се борат за трофеј во „Карабао Купот“

    risteBy riste24/02/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Сеуште се свежи сеќаваата на дебаклот кој на „Итихад“ го доживеа Челзи и Маурицио Сари на првенствениот натпевар со Манчестер Сити, а овие две екипи денес го играат финалето од „Карабао Купот“.

    Екипата на Пеп Гвардиола ја освои титулата минатата сезона и ќе се обиде да ја одбрани против Челзи кој секако дека влегува со многу проблеми во оваа средба. Маурицио Сари има голем притисок, а тој може да биде намален со евентуална победа, доколку се случи спротивното постојат големи шанси Италијанецот да си замине на крајот од сезоната.

    Џон Стоунс, Бенџамин Менди и Габриел Хесус поради повреди ќе го пропуштат овој натпревар, а Пеп Гвардиола не откри кој ќе биде на голманската позиција. Под знак прашалник е настапот и на голманот на Челзи Кепа Аризабалага, кој го пропушти дуелот во Лига Европа оваа недела. Педро и Запакоста исто така имаат проблеми со болест и се неизвесни за настап на денешната средба.

    Двата тима имаат по пет трофеи освоени во ова натпреварување, а пред нив е само Ливерпул, кој се радувал осум пати. Ова ќе биде нивна прва средба во едно финале од овој куп. Манчестер Сити ќе се обиде да станат четвртата екипа која ќе ја одбрани титулата по Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Нотингем Форест. На Челзи не му одговара многу стадиното „Вембли“, бидејќи оваа сезона загуби три средби кои ги играше, еднаш во Комјунити Шилд купот, еднаш во Лига Купот и последниот пат од Тотенхем во Премиер лигата.

    Натпреварот се игра со почеток од 17.30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.