Сеуште се свежи сеќаваата на дебаклот кој на „Итихад“ го доживеа Челзи и Маурицио Сари на првенствениот натпевар со Манчестер Сити, а овие две екипи денес го играат финалето од „Карабао Купот“.
Екипата на Пеп Гвардиола ја освои титулата минатата сезона и ќе се обиде да ја одбрани против Челзи кој секако дека влегува со многу проблеми во оваа средба. Маурицио Сари има голем притисок, а тој може да биде намален со евентуална победа, доколку се случи спротивното постојат големи шанси Италијанецот да си замине на крајот од сезоната.
Џон Стоунс, Бенџамин Менди и Габриел Хесус поради повреди ќе го пропуштат овој натпревар, а Пеп Гвардиола не откри кој ќе биде на голманската позиција. Под знак прашалник е настапот и на голманот на Челзи Кепа Аризабалага, кој го пропушти дуелот во Лига Европа оваа недела. Педро и Запакоста исто така имаат проблеми со болест и се неизвесни за настап на денешната средба.
Двата тима имаат по пет трофеи освоени во ова натпреварување, а пред нив е само Ливерпул, кој се радувал осум пати. Ова ќе биде нивна прва средба во едно финале од овој куп. Манчестер Сити ќе се обиде да станат четвртата екипа која ќе ја одбрани титулата по Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Нотингем Форест. На Челзи не му одговара многу стадиното „Вембли“, бидејќи оваа сезона загуби три средби кои ги играше, еднаш во Комјунити Шилд купот, еднаш во Лига Купот и последниот пат од Тотенхем во Премиер лигата.
Натпреварот се игра со почеток од 17.30 часот.