Ракометарите на Металург доживеаја нов пораз во СЕХА Газпром лигата откако вечерва загубија на гостувањето во Ниш од екипата на Железничар со 27-25 (16-13) .
Техничките грешки, како и бројните промашувања беа најголемиот проблем, односно причината за пропуштената шанса за нови бодови во регионалното друштво.
Танкоски и Димитриоски со по 4 гола беа најефикасни, додека кај гостите Живковиќ реализираше 4 погодоци.
За Брестовац и неговите избраници ова е 11 пораз кој ги остава на претпоследното место на табелата.