Во дербито на сезоната во СЕХА Газпром лигата, ракометарите на Вардар успеаја да му се реваншираат на ППД Загреб за поразот во првиот дел од сезоната и славеа на вечерашната пресметка во Скопје со 28-26 (13-12).
Оваа победа ги носи „црвено-црните“ на врвот на табелата.
Во цврст меч во кој и двете екипи имаа свои минути, Вардар подобро се снајде во второто полувреме и успеа да ја задржи тешко стекнатата предност од првиот дел. Иако без дел од најдобрите и двата тима покажаа одличен ракомет.
Дисингер со 7 гола беше најдобарстрелец кај Вардар, додека кај гостите од Загреб Сршен постигна 8 гола.

