По два дена одмор од мечот со Монтпелје, ракометарите на Вардар веќе утре играат со Мешков Брест во рамките на новото коло од СЕХА Газпром лигата. Мислите се насочени кон двомечот со ППД Загреб за пласман во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, а дуелот со Мешков ќе биде искористен како подготовка за престојните дуели во ЛШ.
„Немавме многу време за подготовка, но најважно за нас е да одиграме добро и да победивме. Завршивме со групната фаза од ЛШ и сега треба да се подготвуваме за елиминациските натпревари. Сега ни треба план и програма за тоа како ќе пристапиме на следните натпревари“, вели Парондо.
Бекот Дмитри Кисељев вели дека во Скопје ќе имаат еден навистина тежок противник.
„Брест е многу добар тим и секогаш е тешко да се игра против нив. Имаат добри играчи и мислам дека утре ќе биде многу интересен меч. Овој меч е важен и за нас и за нив и се надевам дека ќе победиме“.
