Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: На секој меч ќе одиме на победа
    Фудбал

    Ангеловски: На секој меч ќе одиме на победа

    dinoBy dino13/03/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Нашата фудбалска репрезентација со проверени сили ќе го започне  циклусот квалификации за пласман на Европското првенство во 2020 година. Пред воведниот меч со Летонија на „Филип Втори“, селекторот, Игор Ангеловски,  потенцираше дека  го имаме потребниот квалитет за да се бориме за висок пласман.

    „Претходно најавив дека нема да има драстични промени во списокот на фудбалери. Ние сме добро воиграна репрезентација која знае што сака и на секој натпревар ќе оди на победа. Летонија е селекција која е составена главно од фудбалери од домашното првенство, но воопшто не е наивна“ – потенцираше Ангеловски на денешниот прес.

    „Се враќа Дарко Велковски кој е стандарден во Ријека, тука се и Кире Маркоски и Дарко Чурлинов. Што се однесува до Тричковски и Спировски  тие се неизвесни поради повреди. За жал го немаме и Аријан Адеми кој имаше операција “ –потенцираше Ангеловски. Средбата со Летонија ќе биде одиграна на 21 март во Скопје додека мечот со Словенија ќе биде одигран три дена подоцна во  Љубљана.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.