Нашата фудбалска репрезентација со проверени сили ќе го започне циклусот квалификации за пласман на Европското првенство во 2020 година. Пред воведниот меч со Летонија на „Филип Втори“, селекторот, Игор Ангеловски, потенцираше дека го имаме потребниот квалитет за да се бориме за висок пласман.
„Претходно најавив дека нема да има драстични промени во списокот на фудбалери. Ние сме добро воиграна репрезентација која знае што сака и на секој натпревар ќе оди на победа. Летонија е селекција која е составена главно од фудбалери од домашното првенство, но воопшто не е наивна“ – потенцираше Ангеловски на денешниот прес.
„Се враќа Дарко Велковски кој е стандарден во Ријека, тука се и Кире Маркоски и Дарко Чурлинов. Што се однесува до Тричковски и Спировски тие се неизвесни поради повреди. За жал го немаме и Аријан Адеми кој имаше операција “ –потенцираше Ангеловски. Средбата со Летонија ќе биде одиграна на 21 март во Скопје додека мечот со Словенија ќе биде одигран три дена подоцна во Љубљана.