Во пресрет на денешната ждрепка за СП во кошарка кое ќе се одржи во Кина од 31 август до 15 септември, легендата на американската кошарка, Коби Брајант, вели дека има една селекција која може да го совлада американскиот дрим Тим.
Петкратниот НБА шампион со репрезентацијата на САД освои две олимписки злата (2008 и 2012), а сега ќе биде главна ѕвезда на ждрепката за СП оваа година.
„Дали може Србија да го победи САД? Одговорот е – да! Мислам дека може и убеден сум дека не се единствени кои тоа можат да го направат. САД мора сериозно да се подготват за турнирот бидејќи може да бидат победени“, изјави Коби.