Џејсон Кид, кој остави посебен белег во најсилната кошаркарска лига на светов –НБА, може да биде кандидат за тренерската позиција во Лос Анџелес Лејкерс.
Според – „ЕСПН“, „езерџиите“ кои не обезбедија место во плеј-офот, сериозно размислуваат за назначување на Кид за нов предводник. Тоа значи дека сегашниот тренер, Лук Волтон, набрзо може да добие отказ бидејќи не ги исполни очекувањата на челнциите иако ја има на располагање големата ѕвезда на НБА, Леброн Џејмс.
Покрај името на Кид како можен наследник на Волтон се споменува и Тајрон Лу, кој пред неколку сезони токму со Леброн го освои шампионскиот пехар. Џејсон Кид досега седеше на клупата на Бруклин Нетс и Милвоки Бакс, но, не успеа да направи голем успех.

